Просечниот животен век на Јапонките би бил 87,13 години, што е мало намалување од 0,01 година во однос на 2023 година, објави Кјодо.
Очекуваниот животен век на мажите останал непроменет на 81,09 години, но нивната позиција на глобалното рангирање паднала од петто на шесто место, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и социјална помош.
На глобалното рангирање за жени, по Јапонија следуваат Јужна Кореја со 86,40 години и Шпанија со 86,34 години. Кај мажите, Шведска го освои првото место со 82,29 години, по што следуваат Швајцарија со 82,20 и Норвешка со 81,59 години, соопшти министерството.
Очекуваниот животен век и за мажите и за жените се намалил во 2021 и 2022 година, главно поради влијанието на пандемијата COVID-19, но се зголемил во 2023 година.