Извештај: Се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Извештај: Се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија

Анализата на овој истражувачки центар, покажа дека на работниците со просечна плата ќе им бидат потребни 52 години за да акумулираат заштеди што ќе ги однесат од средната класа до врвот на синџирот на распределба на богатството, објави Скај њуз. Таквата класна промена би барала сума од околу 1,3 милиони фунти, под претпоставка дека работниците со просечна плата ќе го штедат целиот свој месечен приход.

Во извештајот се наведува дека економскиот јаз е „длабоко вкоренет“, што значи дека животниот стандард повеќе зависи од семејното потекло и имотот на родителите отколку од трудот и вложениот напор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата