- Имаме нов, пердувест член во нашето здружение. Ова младо бувче, донесено од наш сограѓанин, привремено ќе биде згрижено во соработка со два биолошки инженери, кои ќе ја следат неговата адаптација и здравствена состојба. Наша обврска е да му овозможиме безбедност и соодветни услови сè додека не биде подготвено за враќање во природата, рече Сашко Тодоров, претседател на здружението.
Тој потсети дека претходно исто така на неколку пати имаат згрижено повредени или изнемоштени диви птици и животни, кои по опоравување се пуштаат во природа.