Истражување: Различната вера не треба да биде пречка туку можност за дијалог

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување: Различната вера не треба да биде пречка туку можност за дијалог

 Различната вера не треба да биде пречка туку можност за дијалог, сметаат повеќе од 70% од анкетираните средношколци и студенти од Православната богословија „Св. Климент Охридски“, Православен богословски факултет - Скопје, Медресата „Иса-Бег“, Филозофски факултет - Скопје и Факултетот за исламски науки - Скопје, покажуваат резултатите од Истражувањето за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици, спроведено во текот на 2025 година, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

За 81% религијата има значително влијаение на нивното секојдневно однесување, а за 62% игра важна улога во нивниот личен живот.

Значително мнозинство го поддржува воведувањето на етиката и религијата во формалното образование, како механизам кој активно помага во справување со нивните секојдневни предизвици.

Целта на истражувањето беше да се измери како младите ја перцепираат религиозноста, етиката и моралните вредности во контекст на секојдневниот живот и психосоцијалните предизвици, вклучувајќи го и нивиот став за воведување на религијата во формалното образование.

Истражувањето е презентирано на Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог која се одржа во Крушево од  23–26 јуни 202 година, каде се отвори поширока дебата за улогата на религијата во образованието, етиката и благосостојбата на младите.

Трудот е објавен во меѓународно научно списание „The Journal Religious Dialogue and Cooperation“ на Центарот за Интеркултурни Студии и Истражувања при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое

публикува оригинални и рецензирани научни трудови од областа на религијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата