Истражувач тврди дека пред леденото доба на Земјата имало развиена цивилизација

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражувач тврди дека пред леденото доба на Земјата имало развиена цивилизација

Со векови, археологијата и другите науки главно ја отфрлаат идејата дека, и долго пред последното ледено доба и современата ера, постоела развиена и напредна човекова цивилизација. И покрај тоа, независен истражувач сега тврди дека наводно открил „докази за изгубена цивилизација што ја менуваат парадигмата“ што содржела софистициран код во геометријата, симболиката и дизајнот на камените споменици ширум целиот свет за да го зачува своето знаење пред катастрофалните настани.

Метју Лакроа на Фејсбук наведува дека живее во подрачјето на езерото Ван во источна Турција, коешто се поврзува и со древните почетоци на светската пишана историја каква што ја познаваме денес. За „Дејли мејл“, тој тврди дека неговото откритие, предизвикано од неодамнешни наоди во Египет, ги поврзува симболите низ континентите и тие се стари 38.000 до 40.000 години. Според него, оваа цивилизација ги следела космичките циклуси, предвидувала глобални катастрофи и ги вклучувала учењата за човековото потекло, структурата на универзумот и божественото постоење и присуство во камени споменици и светилишта. Истражувањето на Лакроа почнало откако, според наводите, ги идентификувал повторувачките џиновски Т-облици, вдлабнатините на три нивоа, скалестите пирамиди и древните стели низ целиот свет.

- Овие специфични симболи што ги има во различни пропорции на големина, а коишто се наоѓаат во древни плочи низ целиот свет, не би требало да постојат - ниедна култура не би требало да има никаква накрс платформа - објасни Лакроа.

Симболите се појавуваат на разни места - од областа Ван во Турција и Камбоџа, до Јужна Америка, според Лакроа. Потеклото на оваа, наводно „праисториска“, светски поврзана мрежа, се вели - лежи во местото Јонис во областа Ван во источна Турција.

Меѓутоа, официјалната археологија ги датира познатите наоѓалишта кај езерото Ван (од урартскиот период) пред само неколку илјади години и засега нема докази за светска цивилизација пред леденото доба, според порталот „Политика“. Во овој миг, нема научно-рецензирани истражувања што го поддржуваат предложеното датирање на Лакроа.

Тој, сепак, го опишува изворот како најран извор на овие симболи, архитектурата и учењето за цивилизацијата, датирајќи го пред околу 40.000 години. Тој тврди дека го зачувал и „изворниот план“ од Јонис што подоцна бил пренесен во Гиза (Египет), преку океанот - во Тијаванаку (Боливија) и други историски важни места.

За илустрација, според официјалната наука, пред околу 11.700 - 12.000 години завршило последното ледено доба. 

- Наоѓалиштето Кефкалеси (кај Битлис, југоисточна Турција) нуди еден од најјасните примери на овие симболи во камен. Базалтната резба од 1,2 x 1,2 метри, позната како „Рељефот од Кефкалеси“, содржи сложена иконографија што ги одразува симболите пронајдени на наоѓалиштата Јонис, Гиза и во Јужна Америка. Овој рељеф сега е еден од најважните артефакти за моето истражување, изјави Лакроа.

Тој смета дека рељефот го потврдува неговото толкување на симболите и ја забрзува анализата на слични структури во Храмот на Сфингата во Египет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата