Историја на 10 години: Ахмет од Македонија освои силен шаховски турнир во Србија

25.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Историја на 10 години: Ахмет од Македонија освои силен шаховски турнир во Србија

Младиот шахист го заврши турнирот со 7 поени од девет партии, без ниту еден пораз, ремизирајќи во 4 партии и стана првиот десетгодишник од Македонија што го освоил овој настан.

Турнирот во Парачин бележи долгогодишна традиција со ФИДЕ-рејтинг листа на која учествува силна конкуренција од различни возрасни категории и повеќе европски земји, што ја нагласува тежината на овој успех.

Ахмет не е изненадување за македонскиот шах, тој веќе неколку години наназад реди успеси на домашната и на меѓународната сцена. Шаховската јавност го препознава како двократен државен првак на Македонија до 8 и до 10 години, а меѓународните победи го издвојуваат како еден од најталентираните млади шахисти. Издвојуваме дел од нив:

● 2022 – прво место на „Керванос“ во Солун, Грција (Б категорија, 7/7 поени);

● 2024 – прво место на „Виктори куп“ во Благоевград, Бугарија (до 10 години);

● 2025 – прво место на „Хереја Дружба“ во Софија, Бугарија (до 10 години, максимални поени);

● повеќекратен победник на меѓународниот турнир „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, со прво место во категориите до 8, до 10 години и како најмлад освојувач во категоријата до 14 години во 2025 година

● Државно екипно првенство на Македонија 2025- Освоено прво место и златен медал

● како член на Капабланка - поединечно најдобра прва табла со освоени максимални бодови;

● 16. Меѓународен шаховски турнир Квалитет 2025-освоено прво место на категорија до десет години на опен турнир со конкуренти до 21 година;

Победата во Парачин е уште еден показател за континуитетот и зрелоста на младиот македонски шахист. Со ова, Ахмет ја потврдува својата позиција како еден од најперспективните млади шахисти во Македонија и регионот, а неговите настапи веќе ја надминуваат локалната сцена и привлекуваат внимание на меѓународната шаховска сцена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата