Инклузивен фолклорен настап во Италија

23.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инклузивен фолклорен настап во Италија

 На 15 и 16 јуни 2026, членови на Здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот Ансамбл „Седенка“- Скопје, учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија.

Нашата група беше единствениот инклузивен ансамбл на фестивалот, испраќајќи силна порака дека фолклорот е мост кој ги обединува луѓето, без разлика на нивните различности. Со изведба на македонски народни ора, учесниците ја претставија богатата македонска традиција, култура и обичаи, освојувајќи го вниманието и аплаузите од бројната публика и останатите учесници.

Покрај од Македонија, на фестивалот учествуваа ансамбли од Естонија, Мексико, Грузија, Србија, Чешка и Украина. Настанот беше можност за запознавање на различни култури, создавање нови пријателства и промовирање на вредностите на меѓусебното почитување, еднаквоста и инклузијата.

За членовите на Здружението „Трисомија 21“, ова учество претставува прво меѓународно искуство и доказ дека лицата со Даунов синдром, кога имаат можност , со многу работа и одличен ментор по фолклор, можат рамноправно да учествуваат во културниот и општествениот живот и со гордост да ја претставуваат својата земја.

Со ова претставување, испративме порака дека инклузијата не познава граници и дека заедништвото, традицијата и уметноста се најсилните амбасадори на Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата