Инфлуенсерка доби 33 милиони прегледи, но ги налути Јапонците- прави акробации во храм (ВИДЕО)

21.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инфлуенсерка доби 33 милиони прегледи, но ги налути Јапонците- прави акробации во храм (ВИДЕО)

Во клипот, 25-годишната гимнастичарка, која живее во САД, виси на црвена структура и изведува акробации додека хит песната Cha-Cha Slide свири во позадина.

Гимнастичарката ги изведе своите акробации на таканаречените тории, симболичен премин кој го означува влезот во шинтоистички храм и ја симболизира границата што го дели материјалниот од духовниот свет. Поради нејзиниот потег, многумина ја обвинија дека ја навредува јапонската култура, по што таа го избриша видеото. Сепак, видеото се прошири на Х и собра дури 33 милиони прегледи и бројни негативни коментари.

„Ова покажува недостаток на почит кон јапонската религиозна култура и обичаи“, „Се надевам дека никогаш повеќе нема да дојдеш во Јапонија“ и „Странците навистина не знаат ништо. Ако скршат нешто, само ќе побегнат. Посакувам да престане“, беа дел од коментарите.

Некој објавил во коментар дел од локалниот кривичен законик според кој секој кој јавно понижува светилиште, будистички храм, гробишта или друго место за богослужба се казнува со затвор до шест месеци или парична казна до 100.000 јени (613 евра) .

По негативните реакции, инфлуенсерката објавила видео во кое се извинува и објаснува дека не ја разбрала важноста на светилиштето.

"Навистина не размислував за тоа што го правам. Сакам да се извинам илјада пати. Ве молам престанете да ми испраќате пораки и коментари, навистина ми е жал. Се надевам дека можете да разберете, многу ви благодарам", рекла таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата