Индискиот Нострадамус ги откри најсреќните и најопасните датуми до крајот на 2025.

9.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индискиот Нострадамус ги откри најсреќните и најопасните датуми до крајот на 2025.

Пунит Нахата, кој е наречен индиски Нострадамус, е заслужен за исклучително точни астролошки прогнози засновани на древно знаење и сложени пресметки. Неодамна, за време на гостувањето во емисијата „Директен пренос“, тој откри кои датуми треба особено да се паметат во текот на летото 2025 година.

– Среќните денови од ова лето се 12 и 25 јули. Ако започнете некоја важна работа или донесете одлука тогаш, вашиот успех е речиси загарантиран. Исто така, обрнете внимание на 9, 21 и 28 август – рече Нахата.

Тој не застана само на летото – издвои неколку поповолни датуми до крајот на годината. Есенските денови што носат среќа се: 4, 22 и 29 септември, потоа 2, 18 и 31 октомври, како и 2, 7 и 27 ноември. Кон крајот на годината, важните работи најдобро е да се планираат за 5, 6 и 16 декември.

Сепак, со рамнотежата доаѓаат и предупредувањата. Пунит предупредува дека има денови што треба да се избегнуваат, бидејќи можат да донесат сериозни проблеми и дестабилизација, пренесе Блиц.

– Најнеповолните денови во летото се 29 јуни и 30 јули. Ова се најкритичните датуми во целата година. Верувам дека тогаш можат да се случат глобални катастрофи, можеби без преседан во модерната историја. Можни се големи пожари, поплави, па дури и земјотрес во Јапонија со јачина од 6 до 8 степени – рекол индискиот пророк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата