И мачките тагуваат кога ќе изгубат „пријател“

7.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И мачките тагуваат кога ќе изгубат „пријател“

Истражувањето опфатило сопственици на 412 мачки, чиишто блиски суштества - друга мачка, куче и сл, неодамна угинале. Наодите, како што пренесува лондонски „Тајмс“, откриваат дека овие домашни миленици ја изразуваат тагата на различни начини. Некои од нив престануваат да земаат храна, додека други спијат повеќе или да си играат помалку, а некои, пак, бараат повеќе внимание. И професорката од Универзитетот на Оукленд во американската сојузна држава Мичиген, Џенифер Вонк се согласува дека мачките тагуваат.

- Обично се верува дека мачките, за разлика од кучињата, се ладни животни, и пооддалечени, оти не се „друштвени“ итн. Мислам дека погрешно ги проценивме мачките... И овие животни, сепак, создаваат заедници со хиерархија, па логично е некој да им недостасува, вели Вонк.

При испитувањето, Вонк ги замолила сопствениците да го опишат односот на нивните миленици. Заклучок: Однесувањето се менува. Тоа ќе рече: Мачките изразуваат тага. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата