И кучињата страдаат од анксиозност: Што им ја предизвикува оваа состојба и како се манифестира?

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И кучињата страдаат од анксиозност: Што им ја предизвикува оваа состојба и како се манифестира?

Она што е помалку познато е дека кучињата, како и луѓето, се склони кон анксиозност. Поради оваа причина, многу е важно да ги препознаете симптомите на овој проблем кај вашите крзнени пријатели, за да можете да им помогнете. Показатели за овој проблем кај кучињата се: лаење, бегање, криење, деструктивно копање или џвакање, несоодветно однесување во куќата како мокрење и слично.


Се препорачува доколку го забележите ваквото однесување, прво да се обидете да елиминирате сè што може да го вознемири вашиот миленик, а доколку тоа не помогне, однесете го вашето куче на ветеринар.


Се смета дека повеќе од 57% од кучињата страдаат од некој облик на aнксиозност, а ова се најчестите причини:


40% имаат страв од бучава
33% имаат сепарациона анксиозност
21% имаат реактивност на луѓе или други кучиња
11% имаат проблем со патувањата



© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата