Граѓаните на оваа држава ќе добијат 100 евра, само со услов: Ќе мора да ги потрошат парите на едно место

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Граѓаните на оваа држава ќе добијат 100 евра, само со услов: Ќе мора да ги потрошат парите на едно место

Во знак на лична поддршка, Ли вечерал со своите најблиски соработници во еден ресторан во центарот на Сеул, со цел да ја подигне свеста за важноста од зајакнување на домашната потрошувачка.

– Би сакал граѓаните да ги посетуваат блиските ресторани и на тој начин да придонесат за заживување на локалната економија. Тоа би бил важен чекор кон посветла иднина на нашата земја – порача претседателот преку социјалните мрежи.

Оваа иницијатива доаѓа во пресрет на распределбата на еднократна државна помош, која започнува на 21 јули. Секој граѓанин ќе добие речиси 100 евра, а износот ќе зависи од приходите на домаќинството.

Станува збор за мерки кои се дел од поширок пакет економски стимулации, а владата најави дополнителен буџет со цел закрепнување на потрошувачката. Претседателот Ли им наложил на официјалните лица исплатите да бидат ефикасни и дополнително да ја зајакнат домашната економија преку конкретни мерки за поддршка, пишува B92.net.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата