Го фрлиле новороденчето во кеса, го чуваат хранители, а сега судот им го враќа на „родителите“

19.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го фрлиле новороденчето во кеса, го чуваат хранители, а сега судот им го враќа на „родителите“

Полицијата пред три години на улица пронашла пластична кеса во која имало машко бебе со папочна врвца и веднаш го пренела во болница, по што малото момче било дадено на семејство од Сиракуза.

Сепак, одлуката на судот во Катанија е дека семејството мора да го врати детето на неговата биолошка мајка која во последните години тврдела дека „не сакала да го остави детето туку му го дала на таткото за да го однесе во болница“.

Згрижувачките родители не се согласуваат со одлуката на судот и веќе започнале петиција детето да остане кај нив. Засега петицијата има дури 21.000 потписи, а згрижувачкото семејство апелира на хуманост и сочувство во овој случај.

"Имаше само 16 дена кога првпат го држевме, во топол комбинезон и со голема цуцла во устата. Очите ни беа полни со чудење, а срцата ни пукаа од среќа. Изгледаше како почеток на прекрасна, љубовна приказна, но набрзо се претвори во најлош кошмар.Според судската одлука што штотуку ја добивме, нашиот син ќе ѝ биде даден на биолошката мајка која никогаш не ја видел ниту слушнал. Не сакаме нашето дете повторно да биде напуштено, тоа би му создало траума за целиот живот“, се наведува во петицијата.

Иако и двајцата биолошки родители беа обвинети за напуштање на детето, таткото доби двегодишна затворска казна, а судот сега одлучи детето да му биде вратено, пишуваат италијанските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата