Германски институт: Компаниите веќе чувствуваат последици од американските царини

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски институт: Компаниите веќе чувствуваат последици од американските царини

Според извештајот објавен денеска, речиси 30 отсто од германските компании што планирале инвестиции во САД ги одложиле, додека 15 проценти целосно ги откажале.

И домашните инвестиции во Германија се погодени – 21 отсто од фирмите ги одложиле планираните вложувања, а 8 проценти ги откажале.

„Секоја трета индустриска компанија очекува пренасочување на трговските релации од САД, а само 17 отсто очекуваат зголемување“, наведува ifo.

Повеќе од 60 отсто од анкетираните компании пријавиле негативни последици од американските царини воведени во јануари.

Институтот ifo секој месец анкетира илјадници компании за да изготви економски прогнози. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата