Германски инфлуенсер донирал патики на Црвениот крст, па се шокирал кога открил дека завршиле на Балканот

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски инфлуенсер донирал патики на Црвениот крст, па се шокирал кога открил дека завршиле на Балканот

Патиките во кои ставил „AirTag“ ги донирал на Црвениот крст така што ги ставил во контејнер за обувки во Минхен. Тие на крај завршиле во Цазин, град во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

По речиси 800 километри и пет дена транспорт, патиките завршија во Босна, во продавница за половна облека. Не можев да поверувам“, изјави тој.

Се продаваат за 10 евра

Инфлуенсерот потоа отпатувал во Босна и Херцеговина и ја пронашол продавницата, каде открил дека патиките се продаваат по цена од 20 КМ (10 евра). Ја прашал продавачката од каде ја набавуваат облеката, а таа одговорила дека ја носат од Германија.

„Мојот шеф е Босанец кој живее во Германија и тој ја носи облеката“, објаснила продавачката, а кога инфлуенсерот прашал дали парите одат за донации, таа одговорила дека не одат.

Испратил барање до Црвениот крст

„Се прашувам како е можно ние да ги оставаме патиките во контејнерот на Црвениот крст во Германија, а тие сега се продаваат речиси 800 километри подалеку, без никој – ниту вработените, ниту некој друг – да каже дека станува збор за донација за Црвениот крст. Веќе побаравме изјава од Црвениот крст. Какво е вашето мислење? Дали некогаш сте донирале нешто и очекувале ваков исход?“, ги праша своите следбеници.

TikTok-корисниците во коментарите ги споделуваа своите мислења. Некои напишаа дека не гледаат ништо спорно во тоа што некој купил патики од Црвениот крст, додека други го критикуваа сопственикот на продавницата, пренесува Индекс.

@moe.haa Wir haben Schuhe mit einem AIRTAG gespendet… und schau, wo sie gelandet sind! 👟🧐#A#AirTagS#SchuhspendeR#RotesKreuzT#TrackingMissionB#BosnienS#SpendenreiseT#TikTokDokuS#SocialExperimentG#GuteTatW#WeltreiseDerSchuhe#CapCut ♬ original sound - Moe.Ha

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата