Една корисничка на Тикток открива генијален трик за избегнување на трошоците за багаж, а за сето тоа ви е потребно само една навлака за перница.
21-годишната Белгијка секоја година оди на одмор со авион и со тек на време научила неколку трикови за своите авантури. Отсекогаш и пречело тоа што не може да понесе доволно облека, бидејќи нејзината карта вклучувала само рачен багаж.
На видеото кое го сподели на социјалната мрежа Тикток, таа шета низ аеродромот со полна навлака од перница, а персоналот на авиокомпанијата воопшто не ја прегледува. Подоцна во видеото, таа пристигнува во хотел и ја отвора навлаката фрлајќи ги парчињата облека на креветот, покажувајќи всушност што имало внатре.
Таа ги советува нејзините придружници, навлаката да ја полнат исклучиво со меки работи за во текот на летот да ја користат. Исто така, додава и да не се однесувате сомничаво зашто не правите ништо погрешно. Корисниците на Тикток беа воодушевени од нејзината идеја. Видеото има повеќе од 40 милиони прегледи, но и коментари:
- Ја надмудри авиокомпанијата, генијална идеја! –напишал еден од корисниците.
- Многу паметно, ќе го пробам на следното патување со авион – додала друга корисничка.

