Фудбалер херој, влезе во страшениот пожар во Швајцарија за да ја спаси девојката!

4.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалер херој, влезе во страшениот пожар во Швајцарија за да ја спаси девојката!

Јавноста треба добро да го запомни името - Тахирис Дос Сантос, младиот фудбалер, во иднина ќе биде синоним за храброст.

-„Се врати по девојката и ја извлече од пеколот“

Страшна трагедија ја одбележа новогодишната ноќ во  швајцарскиот ски центар, во Кран-Монтана, каде во ужесен пожар 40 лица ги загубија животите, додека најмалку 119 лица беа повредени.

Во моментите на целосна паника, чад и борба за гол живот, се појави вистински херој.

Деветнаесетгодишниот фудбалер на Мец, Тахирис Дос Сантос, покажа неверојатна храброст кога, откако успеа да излезе од запалемиот бар, сфати дека неговата девојка Колин е сè уште внатре. Без размислување, се врати во клубот зафатен од пожар и успеа да ја извлече, ризикувајќи го сопствениот живот.

За драматичните моменти зборуваше во јавноста неговиот агент Кристоф Хуто, кој не ја криеше својата гордост за постапката на Тахирис.

- Тој беше на првиот кат кога избувна пожарот. Излезе надвор, но набрзо сфати дека неговата девојка останала внатре. Се врати по неа и ја извлече од пеколот. Тој е и жртва и херој во исто време - рече Хуто за BFMTV.

Младиот фудбалер херој во таа прилика се здобил со изгореници од втор степен и моментално се наоѓа во болница во Штутгарт, од каде наскоро треба да биде префрлен во Мец. Клубот е во постојан контакт со неговото семејство и агент.

Неговата девојка, Колин, е хоспитализирана во Антверпен, а лекарите потврдија дека околу 30 проценти од нејзиното тело е покриено со изгореници. И двајцата се под постојан надзор на лекарите, додека јавноста со восхит зборува за херојскиот чин на младиот фудбалер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата