Француските медиуми ја тужат платформата Икс за користење на содржина без плаќање

12.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Француските медиуми ја тужат платформата Икс за користење на содржина без плаќање

Овие француски медиуми соопштија дека Икс им должи средства согласно правилата кои предвидуваат дека дигиталните платформи треба да им плаќаат на медиумите за дистрибуцијата на нивната содржина.

Медиумите тврдат дека Икс, некогаш познат како Твитер, никогаш не прифатил да започне отворени преговори со нив, за разлика од Гугл и Мета.

Тие го обвинуваат Икс, во сопственост на милијардерот Илон Маск и сојузник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дека не ја испочитувал одлуката на парискиот суд од мај, која бара објавување на информациите потребни за пресметка на вкупниот долг.

„Приходите од овие права, заедно со инвестициите кои тие би ги овозможиле за нивните корисници, претставуваат поттик за плурализмот, независноста и квалитетот на медиумите, кои се клучни за слободата на изразување и правото на информирање во нашето демократско општество,“ соопштија француските медиуми.

Портпаролот на парискиот суд го потврди случајот и најави сослушување за 15 мај следната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата