Оваа долга сообраќајница го поврзува Чикаго со Санта Моника во Калифорнија и поминува низ вкупно осум американски држави: Илиноис, Мисури, Канзас, Оклахома, Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија.
Започнува во Чикаго, на раскрсницата на улицата Адамс и авенијата Мичиген, каде што има знак што го означува почеток на „Пат 66“. Истото важи и за неговиот крај: завршува на пристаништето Санта Моника.
Овој долг пат –улица беше „замислен“ пред 100 години, во 1926 година, но не беше целосно асфалтиран сè до 1938 година. Беше исклучен од американската автопатска мрежа во 1985 година, кога беше заменет со меѓудржавниот систем на автопати.
Овој историски пат сега е вистинска туристичка мека, а некои од градовите и местата што се појавија по него, како и рестораните и мотелите каде што патниците бараа одмор, стекнаа речиси култен статус.
Беше, и сè уште е, пат што го отелотворува духот на слободата...
Повеќе беше прашање на практичност отколку на слава и забава. Во текот на 1920-тите, бројот на автомобили во САД се зголеми за трипати, од осум на дури 23 милиони возила, а нивните сопственици сакаа да патуваат со нив, објавува Mental Floss.
Патот 66 изгледаше како едноставно и логично решение: тоа беше единствена патна рута што го скрати растојание помеѓу Чикаго и Лос Анџелес за неколку стотици километри.
Беше претставен како најдобар, најкраток и најубав пат што ги поврзува овие два града, симбол на слободата, авантурата и американскиот сон.
Човек по име Сајрус Ејвери, кој стана државен комесар за автопати во Оклахома во 1924 година, беше „виновен“ за сè, за изградбата на овој неверојатен пат.
Тој почна да се залага за воспоставување на единствен пат што ќе го поврзе Средниот Запад со Западот.
Со изградбата на патот, тој сакаше да привлече сообраќај, а со тоа и капитал, за својата околина.
За да се промовира патот, дури била и организирана трка на него, од Лос Анџелес до Њујорк. Во 1928 година, 300 тркачи учествуваче во трката, а голем дел од патеката на трката се одвивала токму на патот 66.
Победник на трката бил Енди Пејн кој дури и добил споменик поради триумфот.
Победничкото време на Пејн изнесувало 573 часа, а интересно во текот на трката „истрошил“пет пара патики и добил награда од 25.000 долари.
Покрај прекарот „Мајка на сите патишта“, кој ѝ го дал Џон Штајнбек во романот „Плодови на гневот“, честопати „патот 66 се нарекува и главна улица на Америка.
Што треба да се знае:
Патот 66 е долг 3.940 километри и го поврзува Чикаго со Санта Моника.
Растојанието помеѓу Чикаго и Лос Анџелес е скратено за стотици километри.
Привлекува милиони посетители, односно патници, секоја година.

