ФБИ: Не се пронајдени докази за „списокот на клиенти“ на Епстаин

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФБИ: Не се пронајдени докази за „списокот на клиенти“ на Епстаин

Извештајот содржи и неколку часа видеоснимки од затворот, кои потврдуваат дека Епстаин се самоубил во затворот во Менхетен во 2019 година.

Во документот се наведува и оти не се очекуваат обвиненија против други лица поврзани со случајот Епстаин бидејќи „истражителите не пронашле докази кои би оправдале отпочнување истрага против неименувани трети лица“.

Американската министерка за правда Пам Бонди вети дека ќе ги објави документите поврзани со случајот Епстаин, но поради доцнењето се зголемија шпекулациите дека Владата ги крие доказите посебно т.н. список на клиенти“ за да ги заштити моќните бизнисмени и политичари.

Епстаин изврши самоубиство во затвор во 2019 година, каде што чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Претходно, во 2008 година, тој беше осуден за поттикнување на проституција на малолетно лице. Неговата поранешна девојка Гислен Максвел беше осудена на 20 години затвор во САД за нејзината улога во трговијата со луѓе и нивна злоупотреба. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата