Европа во очекување на Ел Нињо- подгответе се за екстремни температури

2.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европа во очекување на Ел Нињо- подгответе се за екстремни температури

Метеоролошката агенција на Обединетите нации (WMO) денес објави дека се очекува умерен или дури и силен феномен Ел Нињо, што би можело дополнително да ги зголеми глобалните температури и ризикот од екстремни временски услови во наредните месеци.

Ел Нињо е периодично затоплување на површинските води на морето во централниот и источниот Тихи Океан и обично трае помеѓу девет и 12 месеци, според WMO, пренесува Ројтерс.

Таа рече дека топлите океански води го поттикнуваат развојот на Ел Нињо, а надпросечните температури се очекуваат во поголемиот дел од светот од јуни до август.

Организацијата проценува дека овој феномен веројатно ќе продолжи до ноември. „Мора да се подготвиме за потенцијално силен Ел Нињо, кој ќе ги интензивира сушите и обилните врнежи од дожд, како и ќе го зголеми ризикот од топлотни бранови и на копно и во океаните“, изјави генералната секретарка на СМО, Селесте Сало.

Според неа, претходниот Ел Нињо во текот на 2023-2024 година придонел 2024 година да биде најтоплата година досега. СМО соопшти дека се забележани промени во екваторијалниот Пацифик, при што температурите на површината на морето нагло се зголемиле од крајот на април до средината на мај, што укажува на развој на условите на Ел Нињо.

Агенцијата, исто така, регистрираше невообичаено високи температури во подземните слоеви на тропскиот Пацифик, кои се повеќе од шест степени Целзиусови над просекот, што дополнително го поттикнува затоплувањето на површинските води.

Според извештаите, овој временски модел ја нарушува регионалната клима и може да донесе зголемени врнежи од дожд во јужните делови на Јужна Америка, јужните делови на Соединетите Американски Држави, делови од Африканскиот Рог и централна Азија, додека во исто време може да предизвика суша во Австралија, Централна Америка, Индонезија и некои делови од јужна Азија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата