ЕУ би можела да го забрани пушењето и „вејпингот“ на отворено

3.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ би можела да го забрани пушењето и „вејпингот“ на отворено

Препораката за забрана на пушење и „вејпинг“ на отворено ќе биде предмет на расправа на 27 министри за здравство на состанок во Брисел.

Според дипломатски извори, препораката ќе биде усвоена и покрај политичките поделби околу тоа прашање, кои станаа видливи минатата недела кога Европскиот парламент отфрли сличен документ.

Препораката не би била обврзувачка, имајќи предвид дека здравјето е единствена одговорност на земјите-членки. По првичниот предлог на Европската комисија во септември, нацрт-документот ги повикува членките на ЕУ да ги прошират ограничувањата за цигарите за да вклучат „нови производи“ како што се загреаниот тутун и електронските цигари, кои се се попопуларни меѓу младите.

Во пракса, тоа значи дека сите форми на пушење и употреба на тутун-производи би биле забранети на базени, зоолошки градини, автобуски станици, покривни тераси на барови и тераси во ресторани.

ЕУ има за цел да го намали загадувањето од пушењето од околу 25 проценти на помалку од пет проценти до 2040 година. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата