Етна повторно прави „хаос“ на Сицилија

15.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Етна повторно прави „хаос“ на Сицилија

Облакот од вулканска пепел достигна висина од околу четири километри и се движи кон југ, во правец на Катанија и нејзиниот аеродром „Фонтанароса“, пишува „Ла Сицилија“.

Поради опасноста за воздушниот сообраќај, летовите кон и од аеродромот во Катанија се суспендирани .

Компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, соопшти дека поради испуштањето пепел од Етна и правецот на ветровите на поголеми височини, продолжено е затворањето на воздушниот простор што ги опфаќа секторите C1 и B3.

Станува збор за делови од воздушниот простор каде што вулканската пепел би можела да претставува опасност за воздухопловите. Податоците за движењето на облакот се засноваат на пресметки на Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) и се објавуваат преку билтените VONA, односно известувањата од вулканолошката опсерваторија наменети за авијацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата