ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност

5.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност

Европската комисија денеска му изрече казна од 120 милиони евра на Икс поради непочитување на Законот за дигитални услуги (ДСА) со прекршување на својата обврска за транспарентност, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет Тома Рение.

- Ова е прва ваква казна согласно ДСА. Прекршувањата на Икс вклучуваат измамнички дизајн на неговиот препознатлив симбол (blue checkmark), недостиг на транспарентност на околу рекламирањето и неуспех да се обезбеди пристап до јавни податоци за истражните тимови, изјави Рение.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на правото на ЕК за изрекување казни поради непочитување на правилата на Законот.

Рение информира и дека ЕК ги прифатила образложенијата и преземените мерки од страна на ТикТок во однос на претходно изнесените нејзини забелешки околу неговата транспарентност.

- Ова покажува дека нашата цел не е казнување. Ако конструктивно се ангажирате со Комисијата, ќе ги разрешиме случаите, додаде Рение.

Сега Икс има рок од 60 работни дена да ја информира Комисијата за конкретните мерки што планира да ги преземе за да го прекине прекршувањето на Законот и рок од 90 работни дена да и достави Акциски план за нивно спроведување. По ова, Комисијата ќе има рок од еден месец да ја донесе својата конечна одлука по предложениот план и да одреди „разумен период“ за негово спроведување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата