Една СОСТОЈКА ЌЕ ВИ ГО ПОДОБРИ КАФЕТО, а влијае добро на здравјето

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Една СОСТОЈКА ЌЕ ВИ ГО ПОДОБРИ КАФЕТО, а влијае добро на здравјето

На сите вас кои не можете да си замислите ден без неколку шолји кафе, експертите препорачуваат да додадете една состојка во него.

Ден без кафе е незамислив за повеќето од нас. Ретки се оние кои го започнуваат (работниот) ден со чај или некој друг пијалок, особено во време кога во продавницата се достапни разни видови на овој пијалок, кој со децении е популарен меѓу народот како начин за будење. За да имате подобро здравје, во кафето треба да додадете цимет.

Редовното консумирање цимет може да ја подобри меморијата, да ја зајакне свеста и да промовира чувство на благосостојба. Во превод, тој одлично го стимулира нашиот мозок благодарение на цинамалдехидот, кој му дава вкус на овој зачин.

Циметот долго време се сметал за зачин и лек, а во античко време бил толку ценет што се сметал за поскапоцен од златото. Има убав мирис и сладок вкус, а денес е достапен во форма на стапчиња и прав.

Содржи висококвалитетни состојки кои имаат исклучително лековито дејство – антиинфламаторно и антиоксидантно. Редовната употреба на цимет може да помогне во намалувањето на различните воспаленија во телото и да ги регулира хормоните на стресот, што е важно бидејќи воспалението на мозокот може да доведе до депресија и губење на меморијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата