Обединетата македонска дијаспора за Македонија и Европа соопшти дека назначувањето на судијата Луис (Лу) Стрезос и на судијата Роберт Томовски во август 2025 година во Судот за правда на Онтарио претствува историски момент за македонско - канадската заедница.
-ОМД со гордост го одбележува овој историски момент за македонско-канадската заедница, со назначувањето на судијата Луис (Лу) Стрезос во јули 2024 година и судијата Роберт Томовски во август 2025 година во Судот за правда на Онтарио. Назначувањето на судијата Стрезос претставува првпат Канаѓанин од македонско потекло да стане дел од судството на Онтарио. Примен во Адвокатската комора на Онтарио во 1994 година, тој има изградено извонредна кариера во кривично и регулаторно право, право на домородните народи и академско пишување, а повеќе од две децении е коавтор на делото McWilliams’ Canadian Criminal Evidence. Како силен застапник за реформи во правната помош, од 2010 година е претседател на Комитетот за правна помош при Асоцијацијата на кривични адвокати. Главната судијка Шерон Никлас го распореди во Торонто, стои во соопштението.
Судијата Томовски, примен во Адвокатската комора на Онтарио во 2003 година, ја започнал кариерата во „Derstine Penman“, по што станал партнер во „Lockyer Campbell Posner“. Во 2014 година ја основал „Tomovski Law“, застапувајќи клиенти пред сите нивоа на судовите во Онтарио. Работел и како хонорарен заменик јавен обвинител, а активно се ангажира и во заедницата преку „Meals on Wheels“ и Панелот за искуства на пациенти при болницата „Michael Garron“. Главната судијка Никлас го распореди во Брамптон.
-Заедно, судиите Томовски и Стрезос се пример за целата македонско-канадска заедница, а особено во јавната служба,“ изјави Крис Палиер, основач на Македонската канадска адвокатска асоцијација (MCLA) и Член на Советодавниот одбор на ОМД и носител на орден O.Ont., LSM., LL.B., LL.M. „Нивните назначувања ги инспирираат младите Македонци во Канада да се стремат кон извонредност во правото, лидерството и граѓанската ангажираност. Двајцата судии се членови на Македонската канадска адвокатска асоцијација, која брои над седумдесет адвокати од македонско потекло во Канада. Нивните успеси ја отсликуваат сè поголемата улога и придонес на Македонците во правниот и општествениот живот на Канада, стои во соопштението на ОМД.