Дури 11 ВРАБОТЕНИ во болница БРЕМЕНИ ВО ИСТО ВРЕМЕ: Се пошегувавме дека има нешто во водата

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дури 11 ВРАБОТЕНИ во болница БРЕМЕНИ ВО ИСТО ВРЕМЕ: Се пошегувавме дека има нешто во водата

Анестезиологот Серена Свонсон без никаков пропуст знаела зошто нејзината колешка Грејс Мекманус еден ден одеднаш излетала од операционата сала.

– Беше зелена во лицето – раскажува Серена Свансов за Инсајдер и додава дека тогаш била бремена во 25 недела.

Вообичаено, кога треба да излезете од операционата сала поради која било причина, треба да побарате дозвола. Грејс немала време да го направи тоа.

Кога Грејс им кажала дека има утринска мачнина, Серена знаела дека нејзината интуиција не ја измамила – а Грејс била бремена.

А потоа се случило нешто што не се случува толку често – колешките од болницата една по друга ја споделувале веста дека чекаат бебиња.

Најмалку 11 жени во одделот за специјална хирургија во болницата Венворт-Даглас во Њу Хемпшир, биле времени.

Свонсон на почетокот на овој месец го родила синот Еверт и сега со нетрпение чека нејзините 10 колешки да ги држат нивните бебиња.

– Се пошегувавме дека има нешто во водата и дека не треба да пиеме – вели Алекса Хејс, која исто така работи во оваа болница.

Хејс треба да се породи во септември, додека нејзината колешка Џеси Мајлс ќе стане мајка следниот месец. Џен Џонс ќе се породи во јули, а уште две нивни колешки во август.

Мекманус и нејзината колешка Медисон Смил ќе станат мајки во септември, а Елизабет Саливан и Џастин Бренан во октомври.

Вработените во болницата редовно споделуваат искуства за бременоста

Свонсон откри дека три идни мајки носат момчиња, исто како неа, додека четири во болницата знаат дека раѓаат девојчиња. Две одлучиле дека полот на бебето ќе биде изненадување за нив.

– Имавме одлични разговори. Ги споредивме резултатите и си дававме совети – вели Свансон.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата