Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

6.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter.

Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“.

Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил.

Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет.

Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град.

„Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми.

На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат.

Според него, фондот моментално има околу 275 долари.

Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка.

И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне.

Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата