Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег

5.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег

Откритието било забележано за време на рутинска поморска контрола, а на локацијата биле пронајдени и повеќе бардачиња. Според експертите, бродот датира од околу четвртиот век.

Како што пишува италианскиот дневен весник Ла Република (La Repubblica), се претпоставува дека пловел од северноафриканско пристаниште, превезувајќи гарум - популарен зачинет сос од ферментирана риба, широко користен во древната римска кујна. Го користеле и Грците, Феникијците и други народи.

Според властите, откритието било забележано во средина на минатата година за време на патрола кај градот Галиполи, во регионот Апулија, но информацијата морала да се чува во строга тајност поради страв од можни грабежи, по што подрачјето било ставено под постојан надзор.

Во наредниот период археолозите ќе спроведат детални истражувања, кои се очекува да донесат нови сознанија за трговските патишта, бродоградбата и трговијата во древното Римско Царство, како и да придонесат за заштита и зачувување на наоѓалиштето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата