Доктор веќе пет години не користи сапун, шампон или крем за тело- имал причина

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доктор веќе пет години не користи сапун, шампон или крем за тело- имал причина

Во интервју за The Aspen Institute, тој открил дека цели пет години не користел сапун, шампон за туширање или крем за тело.

„Едно е да се внимава на чистотата поради личните и естетски преференци, а друго поради хигиената, односно јавното здравје. Да, ги мијам забите затоа што на тој начин ќе спречам инфекции во усната шуплина. Ги мијам и рацете затоа што спречува инфекции на респираторниот тракт.Но, кожата знае како да се заштити“, објаснил тој.

Во својата книга Clean: The New Science of Skin, Др. Хамблин истакнува дека кожата е првата линија на одбрана од болести.

„Организмите и бактериите кои живеат на вашата кожа играат важна улога во вашето здравје. Ако се обидете да ги елиминирате, би можеле да станете поранливи.“

Лекарот тврди дека состојби како што се алергиски ринитис, астма и егзема може да бидат предизвикани од прекумерна употреба на антибактериски сапун. Сепак, други производи за нега, како што се шампони, гелови за туширање и дезодоранси, исто така би можеле да бидат виновници.

„Нашите стапала мирисаат поради бактерии, како што е Bacillus subtilis, кој има силни антигабични својства. Продавачите нѐ убедија дека треба да купуваме сапуни и шампони, но мислам дека водата е доволна“, истакна тој.

д-р. Џејмс Хамлин штеди на производи за нега на кожата и ја одржува чистотата и здравјето со плакнење со вода. Но, тој смета дека миењето раце со антибактериски сапун е клучно.

„Тоа е многу важно“, предупредил тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата