Диња во Њујорк чини 110 евра на попуст и веднаш се распродава: „Купувањето вакво овошје е храбар избор“

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диња во Њујорк чини 110 евра на попуст и веднаш се распродава: „Купувањето вакво овошје е храбар избор“

Овие престижни мускатни дињи од регионот Шизуока, познати по исклучителната сладост, нежната текстура и беспрекорниот изглед, се сметаат за еден од најлуксузните земјоделски производи што можете да ги купите – а сега, по нешто пониска цена, може да се најдат и во срцето на Њујорк.

Според пишувањата на „New York Post“, азискиот супермаркет „HMart“, кој се наоѓа во „Upper West Side“, моментално нуди Шизуока круниски дињи по намалена цена од 130 долари (околу 110 еври)  по парче, што претставува попуст во однос на редовната цена од 160 долари (околу 136 евра).

Можеби ќе ве интересира: На ова место се продава најскапиот домат: Никој не сака кавијар – сите го купуваат и не жалат пари

Сепак, побрзајте – на залиха останале уште само неколку примероци.

Овие дињи се препознатливи не само по вкусот, туку и по начинот на одгледување. Системот „едно стебло – еден плод“ значи дека на секоја билка се одгледува само една диња, со цел сите хранливи материи да се насочат во тој единствен плод. Резултатот е совршен баланс на вкус, мирис и текстура. Плодовите тежат околу 1,5 килограми, поголеми се од обичните дињи, но помали од топка за куглање. Спакувани се во црни кутии со златен натпис и изложени во стаклени витрини – симбол на престиж и квалитет.

Секоја диња има стебло во форма на буквата T, што е карактеристичен знак на автентично одгледување. Процесот на одгледување вклучува внимателно следење на температурата, влажноста и режимот на наводнување, а секој плод поминува строга контрола – се оценува нивото на шеќер, зрелоста, изгледот и вкусот пред да го добие „кралскиот печат“.

Цената од 130 долари можеби изгледа висока, но во некои продавници овие дињи можат да чинат и повеќе. На пример, луксузниот маркет „Butterfield“ на Лексингтон авенија редовно продава до 36 парчиња неделно – кога се достапни. Моментално се распродадени, но се најавува нова испорака.

Можеби ќе ве интересира: Глобалните цени на храната речиси највисоки во последните две години

За оние кои повеќе преферираат онлајн купување, Шизуока дињите можат да се нарачаат и преку специјализирани веб-страници како „Melissa’s Produce“, по цена од 159 долари – без дополнителни трошоци за достава.

– Купувањето вакво овошје е храбар избор – изјавила д-р Лулија Гурарија додека ја разгледувала понудата во „HMart“. – Тоа е совршен подарок за оние кои веќе имаат сè.

Овие дињи се сервираат и како десерт во ексклузивни ресторани како „Jōji NY“. Богати се со витамини A и C, како и со калиум, а по бербата зреењето продолжува на собна температура. Пред консумација, се препорачува да се разладат во фрижидер два до три часа за целосно да се истакне нивниот вкус, пренесува Биз портал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата