Таа го истражувала подводниот свет и се нашла во друштво на околу 50 ајкули.
Девојката не се плашела, сѐ до моментот кога морското суштество решило да нападне! Ајкулата молскавично ги отворила вилиците и ја гризнала несреќната жена за десната нога.
Лилијен на Инстаграм објави драматично видео кое е прегледано 18 милиони пати. Можете да ја видите вознемирената реакција на инфлуенсерката, а потоа и крвавите траги од каснувањето.
Таа верува дека ајкулата ја „помешала со риба“ поради слабиот вид, пишува Daily Mail.
„Со години нуркам на оваа локација. Луѓето често фрлаат риби од чамците, а бидејќи овој вид има слаб вид, веројатно мислеше дека сум ручек“, изјавила Лилиен.
Тоа е вид на Ginglymostoma cirratum кој може да порасне до три метри во должина и се храни главно со риби, лигњи и школки. Има моќни вилици исполнети со илјадници ситни, остри заби.
„Тие ретко напаѓаат луѓе, а потоа морав да пијам антибиотици поради можна бактериска инфекција. Ногата ме болеше со денови“, призна инфлуенсерката.
Малдивите се познати по своите бели песочни плажи, тиркизни лагуни и корални гребени, а се дом на околу 30 видови ајкули. Многу хотели и одморалишта им нудат на гостите можност да нуркаат со овие морски предатори.