Девојче добило 300.000 долари отштета, зашто останала без омилената коза

6.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девојче добило 300.000 долари отштета, зашто останала без омилената коза

Животното било запленето по необична драма и завршило во кланица, пишува New York Post.

Сè започнало во април 2022 година, кога едно 11-годишно девојче добило коза за која се грижело секој ден, па дури и го именувала.

Идејата била да го одгледа животното за аукција, како дел од младинската програма, но сѐ се променило кога сфатила дека Кедар ќе заврши во кланица.

„По аукцијата таа не сакаше да се раздели. Не можеше да ја поднесе помислата каде ќе заврши“, изјави мајката Џесика Ланг.

Таа се обидела да интервенира и да ја откаже продажбата, но организаторите рекле дека тоа е невозможно.

Мајката не знаела што друго да прави, па ја зела козата и ја однела на фарма оддалечена 320 километри. Но, ѝ се заканувало обвинение за кражба, а за сѐ била известена полицијата.

Двајца офицери на шерифот на округот Шаста вложиле огромни напори да го пронајдат и запленат животното, а мајката тврдела дека немаат налог за претрес.

Таа подоцна поднела тужба против властите, по што била постигната спогодба.

 „Девојчето го загуби миленичето, а тоа животот“, се наведува во документацијата доставена до судот.

И покрај финансиската отштета, Џесика Ланг вели дека срцето на нејзината ќерка сѐ уште е скршено.

„Ништо не може да ја врати нејзината коза“, додаде таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата