Дете родено без очи и нос - родителите го криеле, а потоа се случило чудо: „Момчето без лице“ 10 години подоцна изгледа непрепознатливо

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете родено без очи и нос - родителите го криеле, а потоа се случило чудо: „Момчето без лице“ 10 години подоцна изгледа непрепознатливо

Приказната за момчето родено без очи, со отворена шуплина наместо нос и без горна вилица, пред десет години го потресе светот. Сликата од расплаканата мајка и детето кое не гледа, не може да се радува на животот – бидејќи го следи само болка – остана длабоко врежана во сеќавањата на многумина. Но, благодарение на хуманите луѓе, собраните донации и залагањето на хирурзите, животот на Јахја Ел Жабала, момчето кое потекнува од село оддалечено шест часа возење од Казабланка, денес изгледа неспоредливо поинаку.

Судбината на малиот Јахја Ел Жабала беше откриена пред една деценија, поточно во 2014 година, кога таткото на неговиот најдобар пријател објави апел на Фејсбук барајќи помош од медицински стручњаци за изведување на многу комплицирана операција. Пораката ја прочита Фатима Барака, која исто така потекнува од село близу Јахјиното, но веќе подолго време живееше во Австралија. Фатима презеде обврска да најде хирург кој ќе биде подготвен да му го трансформира лицето – и успеа. На нејзиниот повик одговори д-р Тони Холмс, реконструктивен хирург од Мелбурн, кој го прими несреќниот мал Мароканец во Мелбурн кога имал само три години.

Операцијата траела 18 часа

Јахја во главниот град на Австралија помина низ низа тестирања за да се утврди дали воопшто е можно да се изврши интервенцијата. И покрај високите ризици, д-р Холмс се согласи да го оперира тригодишното момче, велејќи тогаш: „Сметам дека секој има право да изгледа човечки, а ова дете не изгледаше така.“

За време на операцијата во декември 2014 година, хирурзите ги поврзаа коските од Јахјиниот череп и му оформиле нос од кожа. Операцијата, која првично требало да трае осум часа, потрајала повеќе од 18 – време во кое Јахја изгубил речиси половина од крвта во телото, додека лекарите ја одвојувале мозочната обвивка од черепот.

Тимот хирурзи работел во смени, а скапата операција делумно била финансирана од донации и хуманитарни прилози, додека лекарите работеле без паричен надомест.

По интервенцијата, која целосно му го променила лицето, Јахја добил шанса за нормален живот. Малото херојче во меѓувреме научило да оди, неговата состојба секојдневно се подобрува, а наскоро ќе следат дополнителни операции за вградување на протетички очи и понатамошна реконструкција на носот. На докторите тивко им прошепнал „благодарам“, и таа негова тешко изговорена реченица беше голема колку целиот свет – нешто што ниеден пари не може да го замени.

Компликации настанале во утробата

Инаку, Јахја Ел Жабали е роден со тешки деформитети поради компликации во матката, поради кои коските на лицето не се соединиле.

Вродените деформитети силно го обележале неговиот живот, но и животот на неговите родители во родното место. Тие го криеле во домот, плашејќи се дека неговиот изглед ќе ја вознемири локалната заедница. Поради недостиг на горна вилица, не можел да зборува, туку само испуштал болни звуци.

Сепак, по сложените хируршки интервенции, кои ги следеа многу медиуми и телевизии, сè се промени. Родителите заплакале од среќа, а камерите го забележале секој момент.

„Огромна радост! Огромна среќа е да го видам мојот син во ваква состојба,“ рекол неговиот татко Мустафа.

Пет недели по операцијата – нов живот

Пет недели по операцијата, родителите на Јахја добиле уште едно дете – ќеркичка по име Амал. Првично се плашеле дека и таа би можела да наследи деформитети, но таа се родила целосно здрава.

Очекуваат го нови операции поради растот

Оваа инспиративна приказна за момчето од Мароко, кое благодарение на поддршката и хуманоста на странци доби нова шанса, ги освои срцата на многу луѓе ширум светот. Фатима Барака изјави дека Јахја ѝ „влегол во срце“ и дека го сака како свое дете. Таа исто така истакна колку е среќна што сега изгледа како „обично мало момче“ и што пред него има светла иднина.

По враќањето во Мароко, Јахја живее со своето семејство и го минува времето со помалата сестра Амал, а на социјалните мрежи одвреме-навреме се појавува по некоја негова нова фотографија. Денес има 13 години, обично носи очила и со нетрпение ги очекува новите операции за неговата состојба да се прилагоди на растот и развојот, пренесува Блиц Жена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата