Имено, со неговата сопруга во 2018 година згрижиле дете без родителска грижа, покрај нивните три биолошки деца. Тие сакале да му дадат на детето можност да расте во здраво семејство, опкружено со љубов и грижа.
„Во тој период имаше многу интересна, емотивна кампања за згрижување на УНИЦЕФ, којашто ја поттикна свеста кај мене за една таква можност. Мила Царовска беше тогаш актуелна министерка и се пријавивме кај неа. Кратко потоа згриживме бебе старо само 5 дена“, изјави Деспотовски во „Здраво Македонијо“.
Поранешниот директор на ТИРЗ, упати јавен апел до сите коишто ги исполнуваат условите, да згрижат дете, да станат згрижувачко семејство, бидејќи сите дечиња заслужуваат топол дом и грижа.