Деловите од вселената сепак не се празни: Воочена нова планета близу Сончевиот систем?

2.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деловите од вселената сепак не се празни: Воочена нова планета близу Сончевиот систем?

Објектот бил забележан додека се движел по многу издолжена орбита околу Сонцето и е опишан како еден од најоддалечените видливи објекти во Сончевиот систем. Ова откритие укажува дека огромните делови од вселената надвор од Нептун и Кајперовиот појас можеби не се празни, како што долго време се мислело.

Кајперовиот појас е исполнет со бројни ледени тела.

Објектот, наречен 2017 OF201, припаѓа на категоријата транснептунски објекти и има потреба од околу 25.000 години за да направи една орбита околу Сонцето – наспроти Земјината орбита која трае 365 дена. Бил откриен со телескопски набљудувања во Чиле и на Хаваи во период од седум години.

Астрофизичарот Сихао Ченг од Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, кој ја водел студијата со колегите Џијашуан Ли и Еритас Јанг, изјави:

„Потенцијално е доволно голем за да се класифицира како џуџеста планета. Има многу широка и ексцентрична орбита, што укажува на интересна миграција низ историјата.“

Проценките велат дека објектот е нешто помал од Церера – најмалата од петте официјално признати џуџести планети – која има пречник од околу 950 км. 2017 OF201 има маса околу 20.000 пати помала од Земјината и 50 пати помала од Плутоновата. Неговиот состав сè уште не е познат, но се претпоставува дека е сличен на другите ледени објекти.

Откритието е објавено од страна на Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија и е детално опишано во студија објавена на платформата за отворени научни трудови arXiv. Студијата сè уште не е рецензирана.

Петте официјално признати џуџести планети се: Церера (во појасот на астероиди), Плутон, Хаумеа, Макимаки и Ерис – последните четири орбитираат надвор од Нептун, пренесува Б92.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата