Снимено е во јануари, а се гледа моментот кога група делфини синхронизирано скокаат од водата, но едниот ја промашува ознаката и паѓа на бетонот, пренесува Daily Mail.
Публиката остана во шок, некои ги покриваа лицата, додека тренерот вознемирен тргна кон делфинот, кој остана неподвижен.
Тогаш другите делфини се приближуваат до работ на базенот, како да сакаат да проверат што се случило со нивниот пријател. Глетката е потресна, а странските медиуми јавуваат дека кутрото животно не преживеало.
Инцидентот предизвика бурни реакции кај групите за заштита на животните, кои претходно го критикуваа одморалиштето во Мексико кое на гостите им нуди да пливаат со делфини и да приредуваат шоуа во базенот.
„Веќе една година, организации како што се Animal Heroes, Dolphin Freedom, Marea и Oceanos De Vida Libre водат кампања за затворање на овој делфинариум“, се вели во соопштението.
Федералната организација за заштита на животната средина отвори истрага за немилиот инцидент.