Дали и Лондон ќе воведе давачки за туристите?

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали и Лондон ќе воведе давачки за туристите?

 Во моментов британскиот парламент го разгледува законот за овластувања на локалната самоуправа што би му овозможил на градоначалникот Садик Кан, да го воведе данокот, објави  Би-Би-Си.

Според проценките туристичкиот данок би му донел на лондон и до 240 милиони фунти годишно. Минатата година биле регистрирани 89 милиони ноќевања од туристите, а градоначалникот постојано ги бара овластувањата околу овој данок..Шкотска и Велс неодамна воведоа различни видови даноци за странски посетители, а велшките власти ќе им наплаќаат на туристите 1,30 фунти по ноќ од следната година, наведува  британскиот јавен сервис.

Англија е инаку, е единствената во групата Г7 каде што националната влада не дозволува локалните власти или градоначалниците да воведуваат давачки за туристите

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата