Дали е паметно да пливате веднаш по јадење?

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали е паметно да пливате веднаш по јадење?

    Со генерации, пренесувавме совети како: „Не пливај веднаш по јадење!“ - но дали овој широко распространет совет навистина се темели на наука или е само уште еден упорен мит без цврста основа?

Сите сме го чуле следново: „Почекај 30 минути после јадење пред да влезеш во вода“. Оваа мудрост се пренесуваше со генерации. Меѓутоа, дали некогаш сме помислиле да го разгледаме ова широко прифатено верување?

Скоро 80% од луѓето сметаат дека чекањето после јадење, пред пливање е клучно.  

Дали ова се темели на научни факти?

Разбивање на митот

Постојат две вообичаени причини поради кои често се наведува овој мит:

Протокот на крв во мускулите: Се верува дека после јадење протокот на крв се концентрира околу желудникот за храната да се свари, и тој е помалку достапен за функционирање на мускулите, што потенцијално доведува до грчеви, пишува “Welia health”.

Отежнато варење: Некои сугерираат дека физичката активност, како што е пливањето, може да го попречи варењето предизвикувајќи непријатно чувство, па дури и дека претставува опасност.

Меѓутоа, според Научно-советодавниот совет на Американскиот црвен крст, нема значајни докази кои го потврдуваат ова тврдење. Тие наведуваат:

Не постои документиран случај во ниту една медицинска литература која го поврзува пливањето после јадење со давење или значајни здравствени ризици.

Ова би требало да ве смири кога децата едвај чекаат да се вратат во вода после ручек.

Зошто митот опстанал?

Смешно е што некои митови остануваат и се длабоко вкоренети во колективната свест и покрај напредокот на науката и медицината.

Виновник за овој мит може да биде популарната младинска организација, која на почетокот на ’90-тите објави прирачник преку кој ги предупредува младите дека пливањето веднаш после оброк би може да доведе до грчеви.

Иако митот е разоткриен и понатаму е мудро да размислите за ова.

После обилен оброк, може да се јави непријатно чувство додека пливате. Чекањето може да биде од помош да избегнете рефлукс на киселини, непријатност или грчеви.

Идеален оброк пред пливање е урамнотежен оброк кој вклучува јаглехидрати и протеини, и тоа 2-3 часа пред пливањето. Ова обезбедува оптимална енергија без чувство на преоптовареност.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата