Човекот од Њујорк, кој се нарекува себеси „Стритер“, пронашол необичен, но легален начин да заработи за живот: пријавувајќи возила што се оставени со вклучени мотори додека се паркирани, што е прекршок во градот Њујорк.
Благодарение на малку познатиот општински закон, тој може да задржи 25 проценти од казните што им се изрекуваат на прекршителите.
Прописите, кои се во сила од 2017 година, им забрануваат на комбињата, камионите и автобусите што не се дел од општината да ги држат вклучени своите мотори повеќе од три минути. Иако ретко се спроведуваат по службена должност, програмата „Жалби за граѓански сообраќај“ им овозможува на граѓаните да ги документираат и пријавуваат овие прекршоци.
Стритерот дал отказ од работа во маркетинг и сега вози велосипед низ градот шест до девет часа на ден снимајќи ги прекршителите. Според локалните медиуми, неговата посветеност му овозможила да заработува повеќе од 100.000 долари годишно, објавува „Ел Паис“.
Движечката сила зад овој закон бил Џорџ Пакенам, поранешен банкар кој го загубил својот брат од рак на белите дробови и решил да преземе мерки против загадувањето на воздухот. Од своето основање, програмата собрала речиси 70 милиони долари за градот, објавува „Јутарњи“.
Сепак, не се согласуваат сите. Претставниците на транспортниот сектор го сметаат за „ловец на глави“ и тврдат дека условите за работа на возачите на камиони го отежнуваат почитувањето на правилата...