Британка исчезнала пред 50 години, а сега е најдена на друг крај на земјата,една работа е чудна

2.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британка исчезнала пред 50 години, а сега е најдена на друг крај на земјата,една работа е чудна

Полицијата успеала да ја пронајде Шели Фокс, која последен пат била видена во центарот на Ковентри во 1972 година, по што ѝ се изгубил секаква трага од јавните досиеја.

Пресвртот дојде откако полицијата на Вест Мидлендс објави нејзина фотографија, кога имала 16 години, и набрзо добила вредни информации за да ѝ помогне на истрагата.

Шели била пронајдена на другата страна од земјата - жива и здрава, но она што ѝ се случило во последните пет децении останува мистерија.

Во секој случај, полицијата го затворила необичниот случај, потврдил портпаролот на локалната служба.

„Апсолутно сме среќни што ја најдовме по 50 години. Ги пребаравме сите докази и конечно ја лоциравме врз основа на фотографија, околу времето кога исчезна“, изјавила детективката Џена Шо.

Таа додаде дека секој исчезнат има своја приказна, и дека нивните семејства и пријатели заслужуваат да знаат што им се случило, пренесува The Sun.

Пред да биде пронајдена Шејла, полицајците ја истражувале можноста таа да го сменила своето име - или дека повеќе не е жива.

„Веруваме дека нејзините родители во меѓувреме починале. Се надеваме дека луѓето кои би можеле да знаат што се случило со неа ќе се јават во нашата служба“, рече Шо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата