Сакала да го посети Мемфис, градот на Елвис Присли, па рециклирала отпад и заработила за авионска карта.
Жителката на Викторија, Канада, овојпат имала различен мотив, но ја задржала истата тактика и завршила во центарот на вниманието на медиумите.
Кетрин почна да собира пластични шишиња и лименки во ноември 2023 година. Најпрво пријателите ѝ носеле „материјал“ и сѐ било добро – додека не дознала дека е бремена.
„Не сакав да се откажам по четири месеци, па ја сменив тактиката. Знаев дека ќе биде потешко како што ќе напредува мојата бременост, па се приклучив на групата на Фејсбук на моите соседи. „Прашав дали некој има отпад што може да се рециклира што може да ми го дадат“, објаснила таа.
Одзивот бил одличен, Кетрин секоја недела посетувала туѓи домови, собирала пластични шишиња и лименки, а потоа ги носела во фабриката на рециклирање, пренесува New York Post.
Додека работела напорно, иако била бремена, се присетила на времето кога како тинејџерка решила да го посети Мемфис.
„Бев опседната со Елвис и мајка ми ми рече дека ќе одиме ако заштедам за авионски билет. Тогаш дојдов до идеја за рециклирање, бидејќи погоните за преработка го плаќаа отпадот“, рече таа.
Сега мотивите се поинакви, а Кетрин по 12 месеци успеа да заштеди 905 долари, што не било доволно за да ја достигне целта на која се надевала.
Кога изгледало дека сѐ е изгубено, таа контактирала со пријателката на нејзината снаа која ѝ го решила проблемот.
Имено, младата трудница многу сакала да оди на концерт на Тејлор Свифт, па решила да го спроведе овој потфат, обиколувајќи низ соседството и собирајќи фрлени шишиња и лименки.
Сепак, ѝ недостигале повеќе од 100 долари за билет.
Можете ли да замислите колку била среќна кога пријателката на нејзината снаа ѝ понудила да ѝ ги продаде најевтините билети по 11,15 долари за последното шоу од турнејата?
„Тоа беше неверојатен пресврт! Работев толку напорно и со нетрпение очекував да се забавувам цела година. Да не се оствареше, ќе беше фрустрирачки“, признала Кетрин.