Сопружниците се осомничени дека смислиле финансиска измама - искористувајќи ја правната дупка и се збогатиле за сериозни пари, пренесува Oddity Central.
Надлежните сметаат дека постарата двојка „разводот го договорил“ на хартија, за жената да добие отпремнина од 27.000 евра. Сè започнало по смртта на нејзиниот прв сопруг во 1981 година.
Тамошниот закон им дозволува на вдовиците да добиваат пари додека повторно не се венчаат, а се сомнева дека двојката сработила неверојатен план.
На секои две и пол години жената требало да добива 2,5 пати повеќе од стандардната пензија, па парот навреме се развел за да ја обезбеди бенефицијата - и повторно се венчале.
Нивната „тактика“ излезе на виделина дури во мај 2022 година, кога Заводот за пензиско осигурување одбил повторно да го плати надоместокот и по 12-тиот развод на жената.
Во документите на истрагата стои дека сопружниците живееле во исто домаќинство, заедно готвеле и го делеле брачниот кревет. Соседите не знаеле ништо за разводите и повторните бракови.
Сега се соочуваат со тешки обвиненија за измама, а обвинителите тврдат дека од отпремнини се збогатиле за речиси 326.000 евра.
Австриските власти не го признаа нивниот 12-ти развод, па заедно ќе се соочат со обвинение.