Божиќно пливање во Женевското Езеро

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Божиќно пливање во Женевското Езеро

Првите 3.700 учесници првиот ден од викендот влегоа во студените води на езерото, каде температурата изнесуваше нешто помалку од девет степени, пренесува  Свисинфо (Swissinfo). 

На манифестацијата учествуваа повеќе од 4.200 пливачи, јавија локалните медиуми.

Пливачите настапуваа во групи од околу 25 лица. Дел од учесниците носеа нуркачки одела, додека други ја испливаа делницата од 100 метри во тематски костими. Годинава, на најстариот спортски настан, за првпат учествуваа и олимписки пливачи. Покровители на манифестацијата Куп де ноел, (Coupe de Noël) се Шарлот Боне и Жереми Депланш, кои беа најавени и како учесници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата