Богатството на Трамп намалено за милијарда долари!?

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богатството на Трамп намалено за милијарда долари!?

 Вредноста на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп се намали за 1,1 милијарда долари и сега се проценува на 6,2 милијарди долари .

Според „Форбс“, клучната причина е големиот пад на акциите на неговата медиумска и технолошка група TMTG поради нестабилноста на пазарот.

Акциите на TMTG затворија на 10,33 долари во петокот, блиску до историски минимум.

Во септември, Форбс ја процени имотната состојба на Трамп на 7,3 милијарди долари, а американскиот претседател потоа го зазеде 201-то место на глобалната листа на милијардери.

Кон крајот на мај, TMTG објави планови за собирање околу 2,5 милијарди долари за купување биткоин, што во тоа време беше најавено како стратешки потег на компанијата за диверзификација и проширување на својата зависност од дигитални средства.

Во меѓувреме, вредноста на биткоинот падна на седуммесечно ниско ниво поради повлекување на инвестициите во ризични средства, меѓу кои и криптовалути.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата