Бизарна сцена во град: Родители возат девојче во кафез, полицијата ги бара (ВИДЕО)

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бизарна сцена во град: Родители возат девојче во кафез, полицијата ги бара (ВИДЕО)

Според порталот Лента новостеј од Оренбург, родителите биле снимени како го возат девојчето во кафез на тркала, среде бел ден.

Корисниците на социјалните мрежи сугерираат дека семејството заминало на одмор, бидејќи мажот со себе влече куфер.

Кафезот е всушност за нивното куче што може да се види на самиот почеток на видеото. Дали оваа претпоставка е точна, останува да се утврди.

Некои портали наведуваат дека полицијата го евидентирала случајот и се обидува да ги идентификува родителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата