За 47-годишната Тес Мостен животот бил неочекуван пресврт. После месеци стомачни болки, подуеност, мачнини, била убедена дека се работи за сериозна болест, можеби рак на јајници. Општиот лекар ѝ препорачал итен преглед спремајќи ја за најлошото. Наместо тоа, доживеала чудо, била бремена три месеци.
За време на ултразвукот, лекарот прво ѝ потврдил дека јајниците се во ред, а потоа на екранот ѝ покажал јасна слика од бебе.
-Дали е ова мое? – изговорила збунето.
Следниот ден, Тес и нејзиниот сопруг се вратиле на уште еден преглед и го виделе нивното бебе како го цица палецот.
За Тес бременоста била речиси незамислива. Влегла во рана менопауза уште на 40-годишна возраст и 7 години верувала дека за неа е невозможно да се оствари како родител. Со сопругот Нил од 2003 г, поминала 3 неуспешни обиди за вонтелесно оплодување и потрошиле повеќе од 23.000 евра. Кога изгубиле секаква надеж, се случило чудо.
Нејзината ќерка Моли се родила во јануари 2017 г. , а името го избрал нејзиниот сопруг бидејќи симболизира „чудо“.
Лекарите сметаат дека бременоста се случила благодарение на хормонската терапија што Тес ја земала за да ги ублажи симптомите на менопауза. Терапијата веројатно ја поттикнала овулацијата, иако тие случаи се исклучително ретки. Симптомите на бременост на почетокот – подуеност, болки и мачнина, често погрешно се толкуваат како симптоми на тумор кај жена во менопауза.
Иако бременост на крајот од петтата деценија денес може да случи благодарение на медицината, природното зачнување во тие години е исклучително ретко. За Тес и нејзиниот сопруг статистиката не е важна, за нив Моли е чудо што се случило после цела деценија откако веќе поверувале дека никогаш нема да станат родители.

