Овој подвиг започна како луд предлог од нејзиниот сопруг и тренер, и додека таа првично се смеела на оваа идеја да атакува на светскиот рекорд, на крајот се почна да има смисла.
34 годишната Оливија тренираше три месеци пред да се соочи со предизвикот во септември минатата година, но 12 месеци по обидот, таа ја истегна тетивата на бицепсот, што значеше дека повеќе не можеше да прави влечења(згибови). Мораше да откаже сè, но по неколку месеци закрепнување, таа се врати на соборувањето на Гинисовиот рекорд.
„Барав поголем предизвик, а мојот сопруг и тренер всушност предложија 24 часа правење на згибови, на што буквално се смеев на почетокот затоа што мислев дека нема начин“, изјави Винсон за Гинис.
„Го погледнав моменталниот рекорд, кој беше 4.081, и повторно помислив: „Никако“. По некое време, направив малку математика и помислив: „Можеби ќе можам да го направам тоа.“
За просечен маж или жена, правењето над 4.000 згибови за 24 часа звучи речиси невозможно, што го прави достигнувањето на Оливија Винсон уште поимпресивно.
Претходниот рекорд од 4.081 го постави Паула Горло (Полска) во 2021 година, но на 29 и 30 март 2025 година, 34-годишната предизвикувачка го сруши, изведувајќи неверојатни 7.079 влечења, или во просек околу пет влечења секоја минута во текот на 24 часа.
„Постигнав бројка за која навистина не мислев дека е можна кога првпат почнав да го правам ова“, рече Винсон.
„Во иднина, ова буквално ме тера да се запрашам за сè што не верувам дека можам да направам.“