Австралија во шок: Во воен камп се пронајдени тела на 98 кенгури

23.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија во шок: Во воен камп се пронајдени тела на 98 кенгури

Остатоците на 98 убиени кенгури се пронајдени во кампот каде војската била обучувана да ракува со огнено оружје, соопштија властите.

Телата на убиените животни биле пронајдени во октомври, а полицијата во исто време запленила кутија за муниција и празни патрони, пренесува News.com.au.

После тоа, властите го пребарале имотот во блискиот Вилијамстаун, каде наводно биле пронајдени три огнени оружја.

Неименуваниот маж се очекува да се појави пред локалниот суд на 13 јануари, каде што ќе се изјасни за обвиненијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата