Анализа ги шокира научниците: Тестирале череп од сестрата на Клеопатра,утврдиле дека е на момчe

14.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анализа ги шокира научниците: Тестирале череп од сестрата на Клеопатра,утврдиле дека е на момчe

По првичните проверки, со децении сите биле убедени дека тоа се посмртните останки на Арсиноја IV, египетската кралица и полусестра на Клеопатра VII. Сепак, новата анализа спроведена од австриски експерти даде шокантни резултати - имало огромна, речиси неверојатна грешка.

Скелетот од Октагон не припаѓал на египетска кралица, туку на момче кое починало помеѓу 205 и 36 година п.н.е., на возраст од 11 до 14 години.

Момчето „имало патолошки развојни нарушувања“, вклучително и недоволно развиена долна вилица што му го отежнувало џвакањето.  Сепак, кое било момчето и зошто е непознато, пишува Дејли Мејл.

- Меѓународен истражувачки тим предводен од антропологот Герхард Вебер од Универзитетот во Виена, заедно со експерти од Австриската академија на науките, анализирале череп откриен во урнатините на Ефес во 1929 година. Долго време се шпекулира дека станува збор за останки на Арсиноја IV, сестра на познатата Клеопатра. Сепак, најновите антрополошки анализи покажаа дека се работи за останки на момче на возраст од 11 до 14 години. Неговите гени покажуваат дека тој е по потекло од Италија или Сардинија - се вели во соопштението на Универзитетот во Виена (OEAW).

Октагон бил откриен во 1929 година од австрискиот археолог д-р Јозеф Кил. Саркофагот во кој се наоѓал скелетот бил полн со вода, па доктор Кил го зел само черепот, оставајќи го остатокот од телото. Заклучил дека се работи за многу почитувана личност, веројатно жена на 20-тите години.

Студијата е објавена во списанието Scientific Reports.

Арсиноја IV била ќерка на Птоломеј XII и сестра или полусестра на познатата Клеопатра. Арсиноја била кралица на Кипар и сонувала да ја преземе власта во Египет. Двете сестри се мразеле и меѓу нив избила војна, која завршила со убиството на Марко Антониј во Ефес во 41 година п.н.е.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата